• Aquatica Yachting Sailing club

Тури

КРАТКА ТУРА

Турата од 2,5 х-3х би започнувала во претходно договорно време, со мал брифинг со гостите, запознавање со едрењето, SOP (standard operational procedures) и SRM (safety risk management), едрење во Охридскиот залив (Градско пристаниште/ стар дел на градот/ Потпеш/ Канео/ Лабино/ претседателска вила покрај брегот по плажите до каналот Студенчишта, кејот и назад во пристаништето.
Заради лоши временски услови (прејак ветар, невреме, немање ветар) турата може да се презакажи
Добро е да се знае дали некој од гостите има здравствени проблеми или пак некакво искуство од едрење
Цената по лице со вклучен 1 пијалак на едрилица изнесува 25€
Минимум 2 лица за одржување на турата
Максимум 7 лица на 1 едрилица

ДОЛГА ТУРА

Времетраење 5ч.
Почеток Градско пристаниште
Мал брифинг со гостите, започнување со едрењето, SOP(standard operational procedures) и SRM(safety risk management).
Едрење во правец на Заливот на коските или Радожда, во зависност од правецот на дување на ветрот(договорно турата може да биде до Заливот на коските во комбинација на едрење и дел на мотор).
Заради лоши временски услови турата може да се презакажи или ако се согласат гостите во случај на немање ветар да се одржи турата со пловење на мотор
Добро е да се знае дали некој од гостите има здравствени проблеми или пак некакво искуство од едрење
Цената по лице со вклучени 2 пијалаци на самата едрилица изнесува 40 €
Минимум 2 лица за одржување на турата
Максимум 7 лица на 1 едрилица

„SUNSET“ тура

Во траење од 2ч. во Охридскиот залив на зајдисонце
Минимум 2 лица
Вклучен 1 пијалак по лице на самата едрилица
Минимум 2 лица
Максимум 7 лица на едрилица
Цена по лице 35 €

Ноќна тура

во траење од 2ч. во Охридскиот залив
Минимум 2 лица
Максимум 7 лица на едрилица
Вклучени 2 пијалаци по лице на самата едрилица
Цена по лице 35 €

Фамилијарна тура

во траење од 12ч
Цена 150€ (со вклучени 4 пијалаци)
Рута договорна (Трпејца, Заум, Св. Наум, Бисер, Радожда, Струга)
Со попатни застанувања за капење и ручек
Минимум 4 лица

* Сите тури се со наш скипер
** За изнајмување на едрилица за договорна тура без наш скипер потребна валидна скиперска дозвола, депозит од 350 € + 15% попуст
*** За групи над 10 лица попуст од 10%
**** За групи над 20 лица попуст од 20%
Почитување на SOP(standard operational procedures) и SRM(safety risk management) е задолжително
Минимална возраст за деца 2 години
Не е дозволено носење на домашни животни

Исто така имаме и часови за едрење за деца и возрасни
- Еднодневна обука
- Тродневна обука
- 14 дневна обука

Back to top