• Aquatica Yachting Sailing club

Визија

Да бидеме клуб кој што ќе биде предводник на развојот на едриличарскиот спорт во Република Македонија, ќе привлекува и вклучува членови кои го сакаат овој спорт, со цел еден ден да станеме дел од светската едриличарска елита и под знамето на нашата држава да се претставиме на Олимписки игри.


Мисија

- Да се промовира Едрењето , правејќи го достапно за целокупната општествена заедница;
- Да обезбедиме работна средина во која младите ќе развијат љубов и страст према едрењето;
- Да го подигнеме имиџот на Едрењето на едно повисоко ниво, преку организирање на силни национални и интернационални натпреварувања;
- Да бидеме активни членови во општествените случувања, остварувајќи соработка како со јавниот, така и со приватниот сектор;
- Да го направиме нашиот развој одржлив;


Цели

- Да имаме тренинг-центар кој ќе ги задоволува потребите на членовите на клубот и школата за обука и кој ќе овозможи непречено одвивање на тековни те активности и иден раст;
- Да создадеме услови со кои ќе поттикнеме зголемување на членството;
- Да бидеме најдобар клуб во Р.Македонија преку обезбедување соодветни тренинг-програми за најдобрите членови;
- Да обезбедиме и одржиме конкурентност на нашите натпреварувачи на меѓународно ниво;


Back to top